Македонија
8. March 2017 - 21:59

Македонија на нозе, протести за Заедничка Македонија денеска во 23 градови

10-ти ден протести на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.. И вечерва илјадници граѓани ја дадоа поддршката на здружението.. Традиционално, протестниот марш почна од владата, се движеше до канцеларијата на претседателот и заврши пред Собранието.

Нема да дозволиме да се прифати Тиранската платформа, не сакаме двојазичност, Македонија мора да остане унитарна држава – ова беа дел од пораките кои вечерва ги испратија граѓаните од протестниот марш на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Од ден во ден расте поддршката на иницијативата „За заедничка Македонија“. Професори, музичари, спортисти се вклучуваат во протестите.

Протестите на граѓанската иницијатива ќе продолжат и утре.