Македонија
19. March 2016 - 16:32

Македонија на чекор до легализација на канабисот за медицинска употреба

Маслото од канабис лекува 34 болести меѓу кои тешки форми на рак и мултиплекс склероза, тврдат еминентнисветски научници. Универзитетскиот професор Лумир Ондреј Хануш од Чешка, 43 години се занимава со истражувања за примената на канабисот во медицински цели. Во неговата ординација со успех биле третирани над 4000 пациенти. Најголем предизвик му било лекувањето на 14 годишно девојче кое пред да дојде кај него секој ден имала епилептични напади.

-„Кога сфатила дека никакви лекови не помагаат, мајката ја донесе својата ќерка кај мене. Јас препишав орална употреба на канабис. Првите ефекти се појавија точно две недели по првата сесија. Лекарите не веруваа дека девојчето ќе наполни 15 години, а јас пред неколку години ја однесов на матура. Од нашата прва средба поминаа 8 години. Денес, таа има максимум два епилептични напади месечно“, вели проф.д-р Лумир Ондреј Хануш.

Според доктор Хануш за разлика од обичните лекови, канабисот нема несакани ефекти и никој ќе починал од предозираност. Во Чешка со вакво масло се лекуваат 100-тина деца болни од рак, а успешноста била 90 проценти.

На оваа тема почнал да истражува уште во студентските денови. Само тој доброволно се пријавил на проектот на факултетот чии резултати од разни причини биле пролонгирани дури 20 години, но во меѓувреме  докторот подготвувал масло од канабис за продажба во аптеките, а го користел и за лекување пациенти со многу тешки болести како што е ракот.

„- „Канабисот е најефикасниот лек кој ни го дала природата, токму заради и е незаконски. Фармацевтската мафија, со децении го крие овој факт, со цел да не изгуби повеќе од стотици милијарди долари кои ги заработува труејќи ги луѓето со разни лекови“, изјавил проф.д-р Лумир Ондреј Хануш.

Канадскиот доктор Пол Хорнби кој пак 15 години се занимава со истражувања за канабисот смета дека чешкиот доктор Хануш треба да добие Нобелова награда за истражувањата околу позитивните ефекти од маслото од канабис. Според него ова било исто толку вредно како и откривањето на инсулинот и ДНК-та и претставува трето најголемо откритие на сите времиња.

По примерот на многу европски држави и Македонија се подготвува да биде легално производството на масло од канабис за медицински цели.