Македонија
9. November 2017 - 18:12

Македонија на 65-то место според Гуд Кантри Индекс

 

Македонија се наоѓа на 65. место на Гуд Кантри Индекс (Good Country Index), врз основа на вкупните резултати по кои се мери колку некоја држава во светот, зависно од големината, придонесува за општото добро на човештвото односно колку му наштетува.

Со индексот се мери придонесот на 163 држави во светот врз основа на седум критериуми – светки приодонес во науката и технологијата, културата, меѓународниот мир и безбедност, светскиот поредок, планетата и климата, просперитет и еднаквост како и здравје и благосостојба.

Со мерење на тие критериуми, Македонија е на 27. место според светскиот придонес во науката и техлоногијата, 70. место по придонес во културата, 125. место за придонес во меѓународниот мир и безбедност, и 59. место врз основа на придонес во светскиот поредок. Македонија е на 62. место по придонес за планетата и климата, 93. место по придонес во просперитет и еднаквост, и 119. место по светксиот придонес за здравје и благосотојба.

 

На листата најдобро рангирана е Шведска, а по неа следуваат Данска и Холандија. Најлошо рангирана е Либија, а пред неа се Екваторијална Гвинеја и Централна Африканска Република.

Од државите во регионот, најдобро рангирана е Словенија, која е на 28 место, Бугарија на 29 место, Грција на 32, Романија на 36 место, Хрватска на 40 место, Србија е на 48 место, Црна Гора на 55-то, Босна и Херцеговина е на 74-то и Албанија е на 109-то место.