Бизнис
17. November 2016 - 19:45

Македонија на 64 место од 137 држави во светот по претприемништво

Македонија рангирана на 64 место од 137 земји во светот по претприемништво. Зголемената едукацијата , свест и храброст кај младите да основаат своја фирма , а не да чекаат вработување во администрација се главните фактори  кои помогнаа земјава да биде рангирана меѓу државите каде претприемачите најлесно можат да го развијат бизнисот. Заслуга за тоа имаат и држваните мерки преку кои финансиски се помагаат сите оние кои сакаат да основаат своја фирма.

Сите  млади компании се иновативни и работат со нови технологии. Затоа според Бошков паралелно со развојот на претприемништвото треба да се работи и на промена на образовниот систем.

На  листата на Глобалниот институт за претприемништво и развој од земјите во регионов Македонија е меѓу подобрите. Зад нас се Албаија која е на 80 место, Србија на 79 и Бугарија на 82 позиција. Подобро стои само Грција која е на 49 позиција. Први на листата се Сад , Швајцарија Канада и Данска.