Loading Video...
Фудбал
6. September 2018 - 18:31

Македонија може до ЕП преку Лигата на нациите

Нашите најдобри фудбалери вечерва од 20.45 часот го играат  на гости кај Гибралтар го играат првиот натпревар од Лигата на нациите, новото натпреварување на УЕФА кое може   да не однесе  до прв пласман на Европско првенство.

                 Избраниците на селекторот Ангеловски се свесни за историската шанса и затоа најавија сериозен пристап на овој меч со Гибралтар, селекција која во  март оваа година приреди големо изненадување со победата над Летонија  од 1-0.

            Многумина сметаат дека Лигата на нациите е идеална шанса за Македонија да обезбеди прво учество на едно Европско првенство.

            За тоа е потребно да се освои првото   место во групата во која се Македонија, Гибралтар, Ерменија и Лихтенштајн.  Потоа првопласираните селекции од четирите групи ќе играат полуфинале  а победниците потоа и финале.  На крајот победникот обезбедува пласман во завршницата на континенталниот собир.

            Според рејтингот на репрезентациите во Д- лигата  најголем конкурент на Македонија во групната фаза е Ерменија  а потоа во разигрувањето  прв фаворит би  требало да биде Белорусија заедно со Грузија и Казахстан.  Останатите селекции како Луксембург, Фарските Острови, Косово, Андора и Молдавија се аутсајдери но изненадувањата се можни.   Возбудувањата во нашата група веќе започнаа со пресметката помеѓу Ерменија и Лихтенштајн....за  нашите репрезентативци многу среќа  во  Лигата на нациите и уште една голема фудбалска радост.