Бизнис
9. April 2018 - 18:07

Македонија може да остане без медицински кадар - идните лекари интензивно учат германски јазик

Под итно се потребни реформи во здравствениот систем, доколку не сакаме да останеме без медицински кадар. Јавна тајна е дека студентите на медицина, паралелно со англискиот, посетуваат курсеви за изучување и на германскиот јазик, од причина што својата професионална кариера ја гледаат надвор од земјава. Ангела Здравкова е студент на медицина во прва година на УГД и ги пренесува размислувањата на колегите од својата генерација.

- Сништата на поголемиот дел од моите колеги се да овде да го завршат факултетот, да специјализираат овде или надвор од државата и после тоа да се иселат надвор и да најдат работа надвор од државата-изјави Ангела Здравкова, студент на медицина при УГД 

Вратите на високо развиените европски земји се ширум отворени за млади, едуцирани лекари, но и за медицинари од сите области. Како пример, Германија има потреба од 800. 000 лица, односно толку работни места има слободни само во здравството.

- Тоа е огромна бројка и сите овие млади луѓе од тука, еден голем дел ќе бидат повлечени, доколку нашата држава не преземе и препознае нешто во сите овие иницијативи и сето ова што го работиме и јас и другите, можност да тие млади луѓе овде ги ставиме во функција и да можеме и да ги платиме и мотивираме- изјави Жан Митрев, кардиохирург. 

Митрев додава дека состојбата не е ништо позавидна и во приватното здравство, зашто едноставно младите доктори не се мотивирани да живеат и работат во својата матична земја.

Новинар: Зоран Ѓорѓиев