Бизнис
6. October 2016 - 20:08

Македонија може да биде независна од увоз на струја

Македонија има потенцијал да биде независна од увоз на електрична енергија.Експертите со различни ставови едни сметаат дека покрај  обновливите извори потребно е да се развиваат и базичните производствени капацитети други пак доколку до 2050та година комплетното производство на електрична енергија биде од обновливи извори тоа ќе биде придобивка за целото општество .

Потенцијални рудни наоѓалишта во Делчево и Пехчево кои се пронајдени треба да резултираат со нов производен капацитет од аспект на термоелектрани.

На меѓународниот симпозиум Енергетика 2016 што се одржува во Охрид учествуваат  еминентни експерти од, Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Италија, Русија и Шведска.