Бизнис
11. April 2018 - 19:42

Македонија ќе увезува струја од Бугарија, кога ќе има потреба и ќе обезбеди 100 милиони евра нова кредитна линија од ЕИБ

На  вчерашната седница Владата донесе одлука да потпише Меморандум за соработка со Бугарија, за спојување на на пазарите на струја, односно енергетски зависните земји како Македонија, ден однапред да купуваат струја од земјата кој има вишок.

Исто така, се заложи да обезбеди дополнителни 100 милиони евра од европската инвестициска банка, пари кои ќе им бидат достапни на фирмите по ниска камата преку  Македонската банка за поддршка и развој.