Македонија
17. January 2019 - 17:00

Македонија ќе треба да плати 9000 евра оштета за трансродово лице

По 9 години голгота по македонските институции, 32-годишен транс-маж денеска ја доби битката против државата. Европскиот суд за човекови права ја донесе првата пресуда против Македонија за повреда на правото на приватност на трансродовите лица.

По бројните препреки во обидот за промена на полот од женски во машки, решителноста правдата да се бара  пред меѓународниот суд во Стразбур, била неизбежна.

Покрај паричната казна од 9 илјади евра која земјава треба да му ја исплати на транс лицето за претрпениот стрес, од Колаицијата Маргини сметаат дека по денешната пресуда, земјата ќе треба да пристапи и кон сериозни измени на правата рамка. За побрза и попристапна постапа за признавање на родот, измените треба да почнат од законот за матична евиденција. 

Бошкова потенцира дека ова е прва и засега единствена тужба покрената пред Европскиот суд за човекови права против Македонија, но во земјава има 10-тина активни процеси за промена на полот. Нивниот исход е неизвесен, но од Коалицијата Маргини  се убедени дека денешната пресуда е охрабрувачки чекор напред.