Македонија
7. August 2019 - 17:13

Македонија ќе набавува борбени возила од САД - следува модернизација на армијата

Дел од руските борбени возила што ги користи домашната армија ќе бидат сменети со возила од американско потекло. Со програмата на Пентагон за помош на сојузнички држави за замена на опрема од руско производство, за земјава се предвидени 30 милиони долари. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, вели дека за може да се искористат овие пари, изменет е законот за јавни набавки во одбраната и безбедноста. Сега за модернизација на Армијата, државата ќе може директно да склучува договори со друга земја членка на НАТО.

Освен набавка на борбени возила, армијата го зголемува и бројот на војници. Договори за вработување денеска добија 125 нови професионалци.

Според министерката Шеќеринска, изминативе две години земјата го одработила членството во НАТО  и конечно по три декади армијата ќе стане полноправен член на северно-атланската алијанса.