Македонија
5. August 2021 - 16:53

Македонија ќе има трета доза на вакцина - се анализира кој и кога ќе ја прима

Од наесен и македонските граѓани ќе имаат можност за дополнително зајакнување на имунитетот со трета доза на вакцина. Тоа што во моментот го прават во Израел и е во најава од семптември во Франција и Германија, најверојано ќе биде реалност и во нашата држава. Имунолозите велат дека боцкањето по трет пат ќе биде само за граѓани кај кои поминале најмалку 6 месеци од втората доза бидејќи по тој период доаѓа до намалување на антителата.

-дискуситите се дали трета доза да биде за сите или само за најранливите категории..се собираат докази дека по 6 месеци нивото на антитела опаѓа, но  тоа не значи дека и имунитетот исчезнува, но значи ќе имаат поголема шанска за заштита од соевите. Идејата е да се превенира изненадувања и сите кои го завршиле вакцинирањето поодамна да го освежат имунитетот, вели др. Александар Петличковски, директор на Институт за имунобиологија

Професор Петличковски вели дека од првичните анализи кои се прават и кај нас и во светски рамки, антителата подолго опстојуваат кај вакцинирани за разлика од оние кои ја поминале инфекцијата. За прележаните од ковид 19, директорот на Имунологија со став дека една доза вакцина е доволна иако тоа не е официјална пракса кај нас.

-Доволна е една доза. Втора доза не прави штета но нема ниту корист од неа. И ние имаме публикација на која работевме изминатиот период дека за прележаните е доволна само една доза, вели Петличковски.

И додека едни заговараат трето боцкање за посилен имунитет, СЗО апелира државите да не ги трошат беспотребно вакцините бидејќи во поголем дел на светот  населението не примило ниту една доза.