Ракомет
29. July 2017 - 16:11

Македонија ќе игра против Унгарија за 5.место на СП за младинци

 
Младинската ракометна репрезентација на Македонија (играчи до 21.година) денеска оствари победа над селекцијата на Русија во натпревар за пласман од 5-8.место со 36:27 (21:11). Избраниците на селекторот Илија Темелковски победата ја навестија во првиот дел кога по 4-4 направија серија од 9:3, која на полувремето беше и двоцифрена. 
На почетокот на вториот дел Македонија имаше и +14 (25:11) што беше највисокто водство на натпреварот. Противникот потоа до крајот на дуелот само го намали водството. 
 
Најефикасни кај Македонија беа Филип Кузмановски со 7 голови, Давор Палевски и Мартин Велсковски постигнаа по 6.
 
Нашата репрезентација утре во натпреварот за 5.место ќе игра против Унгарија која со 34:30 го победи Тунис.