-->
-->
Македонија ќе игра на Европското одбојкарско првенство
-->
Македонската одбојкарска репрезентација испиша историја, откако вечерва за прв пат во историјата обезбеди пласман на завршницата на Европското првенство.
Иако во пресрет на дуелите од последната квалификациска рунда црвено-жолтите беа во тешка позиција и не зависеа само од себе, сепак вербата дека чуда се случуваа се исполни.
Победите на Шведска над Азербејџан, како и триумфот на Летонија против Израел, им даде дополнителен мотив на нашите одбојкари во дуелот со Унгарија. Предводени од капитенот Никола Ѓорѓиев нашите одбојкари не ја испуштија шансата па мечот го добија со максимални 3:0 по сетови 25-21, 25-20 и 25-21.
Така, сонот на неколку генерации наназад конечно се оствари, па одбојкарите, по ракометарите и кошаркарите конечно ќе имаат можност да се надигруваат со најдобрите европски селекции.
31-то Европско одбојкарско првенство ќе се одржува во четири земји, Словенија, Холандија, Белгија и Франција каде ќе се игра и завршницата, а во периодот од 13 до 29 септември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер