Loading Video...
Кошарка
23. February 2021 - 16:45

Македонија ќе игра квалификации за квалификациите за СП

Неуспешниот обид за пласман на Европскиот шампионат 2022-година, македонската машка кошаркарска репрезентација, ќе ја чини и многу. 
 
Самото неучество на континенталното првенство, не само што ќе направи вакум од уште пет години без настап на Евробаскетот, туку значи и враќање голем чекор назад. 
 
Наместо денеска да се радувавме на враќање на мак-бескетот во европската елита, ние само ќе разговараме и анализираме каде и зошто ја пропуштивме шансата по 2015-тата одново да ја гледаме Македонија на ЕП. 
 
Последното место во квалификациската група значи дека нашата кошаркарска репрезентација претстојното лето ќе има нови активности. Тоа се пред-квалификациите за Светскиот куп што треба да се одржи во 2023-година. 
 
ФИБА потврди дека Македонија ќе биде дел од дванаесетте селекции од европскиот континент кои во август месец ќе играат во првиот квалификацски круг или така-наречени пред-квалификации, преку кој ќе треба да обезбедат пласман во главната фаза од квалификациите за Мундијалот што за прв пат ќе се одржува во повеќе земји, во случајот, Јапонија, Индонезија и Филипини.
 
Допрва ФИБА ќе ги одреди групите и термините на одигрување на натпреварите, а јасно е дека ќе бидат формирани четири групи со по три репрезентации од кои само најслабо рангираните нема да се пласираат во главните Миндијалски квалификации.
 
Што се однесува до пропуштената шанса за ново учество на Евробаскетот, во најскоро време јавноста очекува, македонската куќа на кошарката (КФСМ), да излезе со конкретна анализа која ќе ја презентира пред медиумите, а во која меѓу другото ќе треба да се даде и одговор на прашањето, дали Александар Тодоров останува на селекторското место, имајќи во предвид дека неговиот договор практично завршува со неуспешниот квалификациски циклус.