Ракомет
5. November 2021 - 19:50

Македонија ја загуби првата контролка со Египет

Нашите најдобри ракометари кои се во Каиро во првиот контролен дуел со селекцијата на Египет се поразени со 32-25 (12-10). Утре избраниците на Кире Лазаров ќе го одиграат вториот дуел со фараоните. 
Македонија го започна натпреварот со доста проблеми,  и за  десет минути се постигнаа само два гола, но потоа Македонија во 15. минута од мечот имаше позитива од два гола (4-6). На пауза се замина со  12-10 за Египет. 
Во вториот дел домаќинот постојано беше во водство, а  Македонија пропушти неколку шанси за израмнување.  Во последните 20 минути игравме конфузно со многу грешки и Египет тоа го казни со сигурна победа. 
Најдобар кај Македонија беше Филип Талески со шест гола, пред Цветан Кузманоски со четири реализации.