Loading Video...
Фудбал
1. February 2019 - 15:14

Македонија ја надигра Грција, вечер на ред Сан Марино

Футсал репрезентацијата на Македонија со победа над Грција ги започна предквалификациите за СП
 
Во натпреварот кој се одигра во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, а во рамките од Ц групата, Македонија ја победи Грција со 5:3 (3:0) во првиот дуел од претквалификациите за пласман во елитната рунда квалификации за СП.
 
Стрелци на головите за „црвено-жолтите“ беа Зибери, Андов, Левески, а два постигна Крстевски. Македонија имаше сигурно водство од 3:0, но потоа дозволи Грците да израмнат (3-3). На две минути до крајот сепак Крстевски прво донесе водство за Македонија, а потоа пред самиот крај го постави конечниот резултат 5-3.
 
Во првиот дуел од оваа група, Албанија со 5:0 го победи Сан Марино, кој е наш вечерашен противник во дуелот кој ќе се игра вечерва од 20 часот. 
 
Во последното коло кое на програмата е во недела македонската селекција ќе игра против Албанија. 
 
Првопласираните две репрезентации  ќе обезбедат пласман во следната квалификациска рунда.