Македонија ја дочека Новата 2018 година
Македонските граѓани организирани на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови,… или во семејна атмосфера во домовите, ја испратија 2017 и ја пречекаа Новата 2018 година.
Новогодишна прослава во Скопје организираше Општина Центар на плоштадот сквер „Јадран“ на која настапија познати македонски музичари.
Прославата имаше хуманитарен карактер и средствата ќе бидат наменети за 16-годишно момче кому му е потребна итна операција за пресадување на коскена срцевина во Италија.
Град Скопје ја откажа традиционалната новогодишна прослава што требаше да се одржи на плоштадот „Македонија“ и средствата кои беа планирани за организирање на пречекот, ќе бидат донирани за социјални цели. Сепак вчера точно напладне на плоштадот „Македонија“ традиционално пристигна Дедо Мраз.
Во пресрет на празниците главниот град е украсен со декоративни елементи и осветлување. Новогодишната елка на плоштадот „Македонија“ беше осветлена на 18-ти овој месец во придружба на хоровите од средните училишта во град Скопје, под диригентска палка на Јасмина Беличанец.
На градскиот плоштад во Охрид, пред бројни гости од целиот Балкан, Новата 2018 година беше пречекана со богата музичка програма проследена со звуците од ансамблот „Билјана“, а за продолжение на добрата забава меѓу другите се погрижи и Даниел Кајмаковски.
Новата 2018 година први ја пречекаа жителите на тихоокеанските острови Тонга, Кирибати и Самоа. Последни ја испратија старата година жителите на Американска Самоа.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите