Кошарка
27. July 2018 - 9:32

Македoнија - Исланд на отварањето на ЕП за кошаркари до 18 години во Скопје

Од денеска до 5 август, Скопје е домаќин на Европското првенство за кошаркари до 18 години (дивизија Б) на кое покрај нашата ќе учествуваат уште 23 репрезентации.   
 
Натпреварите ќе се играат во четири сали. Во двете сали на СЦ Јане Сандански (мала и голема), како и големата на СРЦ Кале ќе се играат мечевите од групната фаза, додека во СЦ Борис Трајковски дуелите во нокаут фазата. 
 
Македонската селекција своите натпревари од групната фаза ќе ги игра во СРЦ Кале и тоа сите во терминот од 18 часот и 30 минути.
 
Црвено-жолтите кои се во Ц групата во првиот меч за противник ќе го имаат Исланд, а за противници редоследно ќе ги има и: Холандија, Луксембург, Израел и Чешка.
 
Во останатите три групи ќе играат: 
А група: Белорусија, Романија, Португалија, Полска, Норвешка, Швајцарија 
Б група: Белгија, Унгарија, Грузија, Естонија, Австрија, Азербејџан 
Д група:  Словенија, Бугарија, Словачка, Шведска, Данска, Албанија 
 
Двете прво пласирани селекции од секоја од групите ќе обезбедат место во четвртфиналето, додека прво рангираните три од шампионатот, ќе изборат пласма во поквалитетната А дивизија. 
 
Влезот ќе биде слободен за сите кои ќе сакаат да ги поддржат кошаркарите од трибините, а натпреварите ќе бидат достапни на „LiveStream“ на „YouTube“ каналот на ФИБА. 
 
Сите информации (фотографии, линкови до статистика и до снимки ќе бидат достапни на слајдерот прикачен на насловната страница на веб-сајтот на МКФ, а и на следниот ЛИНК