Македонија
21. April 2018 - 16:27

Македонија има голем потенцијал за кадри од техничките и природните науки

Потенцијалот кој Македонија го има во областа на  техничките и природните науки е огромен.  Потврда за тоа даде и 54 - то  издание на  државниот натпревар на млади истражувачи на кој  учествуваа околу 200 средношколци од цела држава кои се натпреваруваа во 23 области.  Од сојузот на здруженија на млади истражувачи  и Народна техника на Македонија  кои  со децении работат на ова поле   велат квалитетот и потенцијалот на македонските кадри го препознаваат насекаде за што говорат постигнатите резултати на меѓународно ниво, но и ангажманите насекаде низ светот.

,, Имаме и тоа како многу значаен потенцијал во Република Македонија. Ние може да се пофалиме со сето тоа , затоа нашите деца секаде ги бараат во странство, значи посебни умови , иноватори, способни да го направат тоа и да го реализираат.,, вели Љубица Каракашева, претседател на Сојузот на науки за млади 

За да се искористи сиот потенцијал со кој располага Македонија, но и да се задржат овие кадри во државата  потрено е правилно насочување на децата, посебна програма  и повеќе средства за опрема на центрите во кои тие се едуцираат.

,, Ќе треба многу да се вложи на тоа поле. Ќе треба да ги задржиме тие деца тука со помош на министерството за образование и наука и владата на Република Македонија. Ќе ви кажам еден податок само дека во изминатите можеби дваесетина години наши ученици кои поминале низ нашите редови денеска се професори на универзитетите низ целиот свет, дури имаме наши претставници и во Наса, така да тие ученици Република Македонија не успеа да ги задржи.,, вели Зоран Тодоров, претседател на народна техника на Македонија.  

Од Народна техника се надеваат дека во следниот период  ќе имаат можност во соработка со ресорното министерство да изготват национална програма која ќе биде  основа сите овие ученици да останат тука.