Македонија
30. March 2018 - 16:26

Македонија има 139.000 административци

Има превработеност во јавниот сектор ама недостасуваат менаџери, вели Министерот за јавна администрација Дамјан Манчевски.

Според него, пополнувањето на раководните места ќе зависи од тековната анализа која ќе утврди колку вработени се потребни за правилна работа на државните институции.. Моментално во нив се вработени 139 илјади лица или 950 помалку во споредба со 2016-та година.. Според Манчевски, немало отпуштања туку се работело за природен одлив, а новите вработувања не биле партиски.

„Причината е затоа што вработувањата се правеле согласно потребите на институциите, значи имаше сега вработувања, не дека немаше, а не согласно потребите на партијата. Апсолутно никој не е избркан од работа туку луѓето или се пензионирале или самаите напуштаат за да се префрлат во приватен сектор“, вели Дамјан Манчевски, Министер МИОА.

Според Манчевски повеќе не функционирал системот на вработувања според рамковниот договор. Правичната застапеност на етничките заедници се правела согласно потребите на институциите.

Министерството за информатичко општество и администрација денеска го презентираше годишниот извештај од регистарот на вработени во јавниот сектор.. Најголем дел од нив се во образованието или 32 проценти по што следува здравството каде има18 проценти од вкупниот број вработени во јавниот сектор.