Loading Video...
Ракомет
26. October 2019 - 19:44

Македонија и во вториот меч подобра од Грузија

Македонската ракометна репрезентација денеска по вторпат ја совлада селекцијата на Грузија.

            Многу понеизвесен беше вториот дуел кој нашата репрезезентација го доби со резултат 28-27 .  Поповски беше  јунак на овој меч откако ги постигна последните два гола и мечот го заврши со вкупно 6 погодоци.

            Нашата репрезентација одигра солидно во првиот дел и  со добра организација во одбраната уште на стартот направи водство од 8-3 кое во еден момент го зголеми на 15-9. Сепак во финишот  концентрацијата падна и противникот на одмор замина со негатива од три гола.

            Во вториот дел  селекторот Брестовац им даде шанса на речиси сите ракометари со исклучок на искусните Лазаров и Ристовски па противникот  успеа да фати резултатски приклучок и да израмни на 27-27.  Сепак на крајот победата заслужено ни припадна нам.

            Мора да бидеме реални дека момците за овие четири натпревари сакаа да покажат дека заслужуваат да го носат дресот на оваа репрезентација. Со ова што го видов на овие четири натпревари, јас мислам дека конкуренцијата полека се заострува- изјави по мечот селекторот Брестовац.