Македонија и вчера лидер во Европа според смртноста од корона
Ниту една држава во Европа вчера немаше поголема смртност од Македонија како последица од компликации од Ковид-19.
8 смртни случаи на само 2 милиони жители е далеку над сите земји во Европа. Во апсолутни бројки Македонија вчера се најде на 11-тото место. Од регионот Србија која има 8 ипол милиони жители имаше 13 смртни случаи, БИХ 5, а Бугарија 4.
На денот на изборите надлежните спровеле само 830 тестирања но и тие не ја исфрлија бројката од 94 нови случаи, што значи дека над 10 % од тестираните пациенти биле позитивни на Ковид-19.
Вкупниот број на дијагностицирани од вирусот достигна 8623, од кои Министерството за здравство како оздравени ги води 4603, а 3619 се уште се носители на вирусот. Вкупниот број на починати изнесува 401. Нешто помалку од половина од заразните се од Скопје каде се уште како активни се водат 1823 пациенти. По Скопје следуваат Тетово и Куманово. Комисијата за заразни болести ќе заседава од понеделник, а според неофицијални информации со кои располга Сител можноста за воведување нови рестрикции и карантини.
Ново на Сител
-
Кривични пријави за 16 дебрани, правеле забава во викендица покрај Дебарско Езеро
-
Трагедија во Белград: 10 годишно момче се обесило снимајќи Тик Ток предизвик
-
Градоначалникот на Делчево позитивен на Ковид-19
-
9 починати и 394 нови случаи на Ковид-19
-
Николовски: За случајот со д-р Асани поведена постапка пред ОЈО
-
Србија трета во Европа и седма во светот по бројот на вакцинирани
-
МВР: Секој граѓанин жртва на „Јавна соба“ да пријави во полиција
-
Хоџа: Усвоен Националниот план за Ковид-19 вакцинација