Спорт плус
15. October 2015 - 15:42

Македонија и Скопје подготвени за Европскиот клупски куп во шах

Од сабота 17 октомври па се до 25.ти Македонија односно главниот град Скопје ќе биде домаќин на Европскиот клупски куп во шах.
 
По далечната 1972-година кога во Скопје се одржа шаховската Олимпијада, Република Македонија одново е домаќин на големо меѓународно натпреварување во овој спорт, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески. 
 
„Македонија, градот Скопје и општината Карпош, уште еднаш ќе бидат домаќини на натпреварување од највисок ранг. Добивањето на организацијата на ваква квалитетна и масовна шаховска манифестација, како и бројот на учесници, е речиси еднакво на Лигата на шампионите во фудбал’’, истакна Спасески.
 
На првенството на кое ќе настапат над 500-на шахисти од 62 клуба, Македонија ќе биде претставувана со три екипи и тоа, Алкалоид кој е високо петто рангиран, како и екипите на Гамбит Асеко во машка и женска конкуренција.
 
Организатор на 31-от ЕКК е Општина Карпош, клубот Гамбит Асеко и на Шаховската федерација на Македонија
 
Градоначалникот на О. Карпош, Стефче Јакимовски задоволен од досегашни детали околу стартот на ова Европско натпреварување и упати повик кон медиумите за уште поголем интерес околу медиумското покривање, а со тоа и промовирање на шахот и нацијата воопшто.