Македонија
31. October 2016 - 16:37

Македонија и ООН потпишаа договор за нова петгодишна стратегија

Нова петгодишна стратегија - партнерство за одржлив развој потпишаа МНР и ОН. Документот е по повод 71 годишнината од ОН, а ќе се спроведува од 2016 до 2020 г за шт се предвидени 121 милион аемрикански долари. Со оваа стратегија се дава поддршка за евроинтеграциите на Македонија а опфатени се 5 области, вработување, добро владеење, социјална вклученост, одржливост на животната средина и родова еднаквост.

 - Документот што денеска го потпишуваме претставува континуитет на заедничките активности во следниот петгодишен циклус во области кои Владата ги смета за приоритетни и во кои успешно соработува со тимот на ОН. Зголемување на вработувањето, добро владеење и професионални институции, зголемена социјална инклузија, поголема грижа за ранливите категории, родовата еднаквост, чиста и одржлива животна средина, се областите кои сметаме дека ќе придонесат за благостсојбата на наелението и за севкупниот просперитет на земјата што секако, помага за забрузвање на нашиот евроинтегративен процес, изјави Никола Поповски – мин за надворешни работи

Минатиот септември светските лидери ја усвоија агендата 2030 Иднина што ја сакаме, која содржи 17 цели за одржлив развој информираше Поповски. Приоритет е сиромаштијата која до тогаш целат да ја елиминираат и да има работа за сите, да не се гладни и без здравствена заштита. Постојаниот координатор на ОН во земјава порача дека  ќе продолжат  да работат со парнерите во владините институции и ниту еден граѓанин нема да биде запоставен.

- Целите за одржлив развој ги претворивме во нова петгодишна стратегија за земјата низ пет клучни приоритети, сосдавање повеќе и подобри работни места, да се зајакнат институициите на управата, да работат на транспарентен и правичен начин, да се надмнине социјалната ексклузија, особено за Ромите и инвалидните лица., целосно исполнување на ветувањата за родова еднаквост и  заштита на живтоната средина, борба против климатските промени и градење отпорност кон катастрофи, рече претставникот на ОН, изјави Луиза Витон постојан координатор на ОН во РМ

Владата ја усвои новата стратегија на ОН на 26 октомври 2016. Со новата програма семејството на обединети нации во земјава ќе го усвои пристапот за постратешко заеднички планирање и програмирање. ОН во Македонија е присутви со 10 агенции и 221 вработени лица.