Македонија
26. October 2018 - 16:16

Македонија и НАТО - Зошто членството во Алијансата е толку важно и за Москва и за Вашингтон?

Интересите на на САД и Русија се преклопуват на територијата на Балканот, а Македонија во таа  геостартешка игра  не е исклучок, вели  деканот на Факултетот за безбедност.  Дујовски смирува дека  нема причина за загриженост бидејки македонската интеграција во НАТО е при крај .

Руските и американските дипломати секојдневни си раменуваат реакции поврзани со макеоднскиот пат кон НАТО. Руските дипломати неретко се  закануваат дека Македонија може да стане  мета на напад во случај на пристапување на НАТО. Од прес центарот на НАТО денеска ваквите закани ги оценија како пропагандна војна , слична на онаа која  се водеше и во Црна Гора пред таа да стане членка на алијанста. 

Дујовски констатира дека трката во  вооружувањето  мегу двете супер сили се вжештува како и борбата за премоќ во светски рамки. Сепак  Македонија не се наога на линија на огнот, а Русија ниту во еден момент нема преземено ниту еден  конкретен чекор за да ги загрози македонските стратешки приоритети, посочува професорот.