Македонија и Црна Гора ќе ја продлабочуваат соработката во областа на науката
Министерката за образование и наука Рената Дескоска денеска оствари средба со министерката за наука на Република Црна Гора, Сања Дамјановиќ на која било разговарано за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Црна Гора во областа на науката.
Министерката Дескоска информираше дека посебен фокус на средбата била иницијативата за формирање Меѓународен институт за одржливи технологии на Балканот со мисија наука за мир, кој проект е поддржан од ОН, УНЕСКО, од ЦЕРН и комесарот за наука и иновации во ЕК Карлос Моедас.
- Главни цели на проектот се да се промовира соработката меѓу науката, технологијата и индустријата, односно да биде платформа за едукација на талентирани, млади луѓе и инженери врз основа на трансфер на знаење и технологии од европските центри и лаборатории. Реализацијата на оваа идеја која министерката од Црна Гора ја презентираше во Македонија ќе овозможи вработување на научници и административци од земјите коишто ќе бидат вклучени во проектот, појасни Дескоска.
Проектот ќе биде финансиски помогнат од Европската Унија, а Владата на РМ, рече министерката Дескоска, ќе ја поддржи идејата за формирање на овој Меѓународен институт, од кој, според неа, корист ќе имаат земјите што ќе бидат вклучени, а генерално ќе даде придонес во науката на светско ниво.
Министерката Дамјановиќ појасни дека иницијатор на проектот за формирање на Меѓународниот институт е поранешен директор на Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН). Според неа, овој Институт треба да биде голем чекор за науката во регионот, а проектот би требало да претставува поврзување помеѓу науката, технологијата и индустријата.
- Овој проект ќе влијае на економскиот развој, на намалување на невработените и на проблемот со одлевање млади таленти. Една од опциите на овој институт би била и таканаречената „кадронска канцер терапија“, истражувањето од биомедицината со помош на протони и потешки јони кои денеска претставуваат најуспешен инструмент за лекување на ракот, истакна Дамјановиќ.
Иницијативата до сега официјално ја поддржала само Црна Гора, додека заинтересираност покажале Словенија, Хрватска, Србија и Македонија. Дамјановиќ вели дека ќе разговара и ќе побара поддршка и од останатите држави од регионот.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово