Македонија
26. November 2018 - 13:34

Македонија и Австралија ќе соработуваат во борбата против тероризмот

 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Николовски и делегација  на Комонвелтот на Австралија предводена од нерезидентниот aмбасадор на Австралија за Република Македонија Рут Стјуарт и aвстралискиот aмбасадор за борба против тероризам Пол Фоли денеска потпишаа Меморандум за разбирање за соработка во борбата против тероризмот.

На средбата, како што соопшти МВР, беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Австралија за соработка во борбата против тероризмот и беше потенцирана одличната досегашна соработка меѓу безбедносните служби на двете земји, како и намерите за интензивирање на соработката.