Македонија
3. February 2018 - 16:28

Македонија и Албанија заеднички против тероризмот

Тероризмот е глобална закана која бара взаемна соработка помеѓу двете држави и  размена на информации за успешна борба против ова зло беше истакнато на денешната средба помеѓу двајцата министри за внатрешни работи на Македонија и Албанија.Спасовски и Џафај најавија формирање на регионален центар за земјите од Западен Балкан за полициска соработка во борбата против трговијата со дрога ,оружје и луѓе.

Двајцата министри договорија и прекугранина соработка која е од огромно значење за соседните држави.

Инаку денеска министрите за внатрешни работи на Македонија и Албанија во Охрид потпишаа меморандум за полициска соработка во областа на тероризмот што предвидува размена на информации за поединци и групи кои фигурираат како потенцијални извршители на терористички акции.