Македонија
9. April 2018 - 16:41

Македонија и Албанија во заштита на ендемските видови на охридското езеро

Со измена на риболовната основа за Охридското езеро  со која се одредува количината на излов на охридската пастрмка и белвица ,ќе се зачувува  ендемскиот вид риба.Од министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство најавија дека во тек е ревизија  со цел заштита на рибиот фонд.

Министерот за земјоделство на Албанија Пелеше истакна дека потребна е заедничка соработка преку систематска контрола во самото менаџирање и физичка заштита засилени контроли на двете страни од езерото.

Централната власт размислува стопанисувањето со Охридското езеро да го отстапи на општина Охрид, а обврските околу концесионирањето да ги поделат со Струга и Поградец. Инаку со оглед на тоа што годинава истекува договорот во тек е постапката за распишување оглас за доделување концесија за стопанисување со рибниот фонд на Охридското езеро.