Македонија губи 20 отсто од земјоделското производство поради несоодветно складирање
До 20 отсто годишно достигнуваат загубите во македонското земјоделство поради несоодветното складирање, покажува последната анализа на „Руралана коалиција“.
Во светски рамки, овој тип загуби во агро бизнисот се движат од пет до 10 отсто.
- Секоја година голем дел од земјоделското производство во Македонија пропаѓа поради несодветно чување, во импровизирани складишни простории кои се под влијание на временските услови. Ова е една од причините што ги принудува земјоделците да вршат продажба на производите по многу ниски цени или да ги фрлaат, стои во анализата.
Несоодветното чување на производството го намалува квалитетот поради што и цената се намалува.
- Овој проблем се уште е еден од најгорливите за македонското земјоделство, а најмногу ги засега производителите на јаболко, праска, круша, трпезно грозје, домат, компир, наведува „Руралана коалиција“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација