Македонија гостува во Ерменија во четвртата рунда од Лигата на нации
Македонската фудбалска федерација денеска и гостува на Ерменија во обид да ја продолжи серијата од десет натпревари без пораз.
Доколку избраниците на селекторот Игор Ангеловски успеат да освојат бод или три уште вечерва можат да го обезбедат првото место во четртата група од Лигата на Нации дивизија –Д.
Капитенот на Македонија Горан Пандев верува дека може да се дојде до уште еден позитивен резултат.
- Ерменија располага со квалитетна селекција, знаевме од стартот дека тие ни се најголем ривал во групата. Имаме веќе три победи, но одлично се подготвуваме и верувам дека ќе дадеме максимум за нова победа. Добро ја анализиравме Ерменија, ја видовме на првиот натпревар во Скопје. Тогаш добро се подготвивме и заслужено славевме, изјави Пандев.
Натпреварот Ерменија – Македонија ќе почне во 18 часот на стадионот „Вазген Саргсијан“ во Ереван.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто