Ракомет
11. јуни 2016 - 8:42

Македонија гостува на истото место, кај истиот ривал - Чешка

Ракометната репрезентација на Македонија новиот предизвник го има против добро познат ривал селекцијата на Чешка. Денеска нешто после пладне (почеток 12.30 часот) нашата селекција ќе игра во Злин против Чешка. И салата (Еуроникс), а и ривалот добро познати. Тука во ноември 2014 година одигравме нерешено 27:27 во квалификациите за ЕП 2016.

- Гледавме видео од нивните последни два-три натпревара и се подготвивме, може да очекувате некои мали новитети во нашата игра. Мнозинството од оваа репрезентација сме играчи кои до неодамна игравме во Металург, се познаваме и знаеме што бара Лино Червар. Знаеме дека преферира една цврста одбрана, со што помалку примени голови, во напад се игра паметно, Ние сите очекуваме победа, изјави Ацо Јоноски .
 
На последните дуели со Чешка нашата селекиција нема пораз на ЕП во Данска 2014 беше нерешено 24:24, а победивме во Скопје на квалификациите 32:28.