Фудбал
8. October 2020 - 22:52

Македонија го совлада Косово и е на чекор до Европско

Македонија со 2:1 го победи Косово и е на чекор до Европското првенство. 
 
Почената радост дојде со помош на противникот, поведовме со автоголот на Кололи во 16. минута по ударот на Ристовски, но гостите израмнија тринаесет минути подоцна по недоразбирањето на Велковски и голманот Димитриевски.
 
Конечните 2:1 ги постави токму Велковски со гол во 33. минута, кога одличното нафрлување на Барди го претвори во гол со глава.
 
Во финалето Македонската фудбалска репрезентација ќе гостува кај Грузија, која денес ја победи Белорусија со 1-0.