Македонија
16. October 2018 - 16:23

Македонија го почнува процесот за пристапување кон НАТО - се чека на реализација на договорот од Преспа

Преговорите за членство во НАТО и официјално ќе започнат во  четврток во Брисел. Навионалниот координатор посочи дека целиот процес треба да заврши до крајот на декември оваа година, а во јануари 2019 е предвидено Македонија да го потпише протоколот за пристапување. Пендаровски објаснува дека полноправниот прием ќе се случи кога земјите членки секоја посебно ќе го ратификува протоколот во своите национални партламенти. Во нашиот случај, предвидено е Грција да биде првата која ќе го ратификува овој протокол, но само ако е исполнет условот со Преспанскиот догвор.

- Сето ова треба да оди преку имплементација на Договорот од Преспа, како што впрочем и ни диктира доминатната политичка волја на мнозинството македонски граѓани. Според сите анализи направени од релевантни институции и поединци, нашето членство во НАТО значително ќе ја зголеми безбедноста и стабилноста на земјата, но во исто време ќе биде и позитивен пример и придонес кон регионалнатата безбедност, стабилност и просперитет, рече Пендаровски.

Вицепремиерката Шеќеринска  пред  почетокот на пристапните преговори им порача на пратениците дека директно од нивната одлука зависи дали  Македонија ќе  стане членка на НАТО. 

- Јасно е дека одлуката што ќе ја донесе Собранието е одлука која де факто ќе пресуди дали Македонија ќе стане членка на НАТО во многу блиска иднина. И тоа секој пратеник во Собранието на Република Македонија треба да го знае, дека од секој од нив зависи дали Македонија ќе ја искористи оваа шанса. Доколку зборувавме за НАТО и ЕУ, сега е моментот тоа да го покажеме на дело. Секој од тие гласови ќе влијае дали Македонија ќе ја отвори вратата на НАТО, рече Шекеринска. 

Министерот  за  надворешни работи   верува дека и покрај последните турбуленции на грчката политичка сцена во однос на догворот, противењата на нивната опозиција но и на коалциониот партнер во владата,  Атина ќе ги исполни ветеното ОД Преспа. Димитров не гледа алтернатива на договорот, ниту некаков  План Б за членство во НАТО освен имплементација на спогодбата со Грција.