Македонија
6. December 2017 - 14:22

Македонија го почнува 18. Акциски план за членство во НАТО

 Делегација на Македонија в понеделник во Брисел ќе ја претстави Годишната национална програма за членство во НАТО за 2017-2018 година пред Комитетот на заменици постојани претставници на земјите членки во Алијасната.

Со тоа официјално ќе започне 18-от циклус на Акцискиот план за членство во НАТО.

Предлог – текстот на Годишната национална програма на Република Македонија за членство во НАТО за 2017-2018 година беше усвоен вчера на седница на Владата.

- Документот е отворен за натамошна надградба, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

На новинарско прашање дали се пристигнати конкретни забелешки од Брисел за брзината со која се спроведуваат реформите за евроинтеграциите и колку тие се абдејтирани во фактографскиот извештај за  имплементација на планот 3-6-9 Бошњаковски рече дека  се што е добиено се сугестии за забрзување на реформските пакети предвидени во тој план.

- Во фактографскиот извештај кој е јавен документ и ставен на владината страница се адресирани наредните активности во рамки на планот 6-3-9,  и прецизно се одредени обврските кои произлегуваат за исполнување на тие активности. Од Брисел се добиени сугестии за забрзување на процесите, изјави Бошњаковски.