Фудбал
31. August 2017 - 20:02

Македонија го одржа првиот тренинг во Хаифа

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Хаифа го одржа првиот тренинг во пресрет на дуелот од квалификациите со селекцијата на Израел. Тренингот се одржа на стадионот Нешер, а избраниците на селекторот Игор Ангеловски работеа во пријатна атмосфера. 
-  Добро се подготвуваме за дуелот со израел.Знаеме од какво значење е натпреварот за нас и во сабота сакаме да постигнеме победа. Тука сум да дадам максимум и да имам што е можно повеќе натпревари во репрезентацијата
Израел е квалитетен, а ние сме поквалитетни во нападот и треба да бидеме внимателни во обраната, но и да имаме добра реализација, изјави голамнот Столе Димитериевски.
Македонската репрезентација утрешниот тренинг ќе го одржи на теренот каде во сабота ќе се игра натпреварот на стадионот Сами Офер