Македонија го одбележува Денот на македонската револуционерна борба
Во Република Македонија денеска се одбележува 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба.
По овој повод владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, како и делегација од Градот Скопје предводена од градоначалникот Коце Трајановски ќе положат цвеќе пред споменикот на основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација во паркот „Жена борец“, наспроти Собранието на Република Македонија.
Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ денеска напладне во Собранието на Република Македонија ќе ја додели државната награда „23 Октомври“ за 2015 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.
Државната награда „23 Октомври“ за остварување во областа на културата и уметноста им се доделува на ликовниот уметник Стефан Хаџи Николов, на писателот Фејзи Бојку и на музикологот, публицист, новинар и музички критичар, Костадин Костадиновски.
На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.
Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка