Македонија
12. April 2018 - 9:53

Македонија го менува Законот за оружје

Лица помлади од 25 години нема да можат да добијат дозвола за поседување на оружје, доколку претходно две години не членувале во стрелчако друштво. Рокот за заменување на сите форми на дозволи за оружје е продолжен до 2022 година.

Новите измени во Законот за оружје кои денеска се најдоа на комисијата за европски прашања, претставуваат усогласување на домашната со регулативата од ЕУ, со цел обезбедување на сигурност дека деактивираното оружје станува неповратно онеспособено.

Повторно се воведува можноста за легализација на оружјето кое се поседува без важечка исправа, а рокот изнесува една година.