Џет-Сет
25. January 2019 - 20:11

Македонија го избра претставникот за Евросонг 2019

Македонската пејачка Тамара Тодевска ќе ја претставува Република Македонија на Евросонг 2019-та, објави Македонската радио телевизија (МРТ).
 
Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија, кој ќе се одржува од 14 до 18 мај во Тел Авив, Израел. Пејачката ја објави веста во дневникот на МТВ 1 кој е во тек. За Женски магазин, Тамара изјави дека многу му се радува на овој музички предизвик.
 
Тамара има богато евровизиско искуство. Како македонски претставник на „Евросонг“ оди втор пат, а претходно два пати била и како придружен вокал. Во 2008 година, заедно со Врчак и со Адриан Гаџа во Белград ја испеа „Во името на љубовта“. Во 2004 година, беше дел од придружните вокали на Тоше Проески во Истанбул, а во 2014 година исто така ги отпеа придружните вокали на сестра ѝ, Тијана Дапчевиќ во Копенхаген, Данска.