Фудбал
11. July 2020 - 9:48

Македонија ЃП има двајца фудбалери позитивни на коронавирус

Фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров вчера соопшти дека има двајца фудбалери позитивни на коронавирус.

– Им посакуваме побрзо враќање на тренинзи на нашите два играчи позитивни на Ковид-19. Играчите се дома и во добра состојба и истите немаа никакви симптоми изминативе денови, споделија од клубот.

ФК Македонија ЃП ги откажува пријателските натпревари со ФК Работнички и ФК Академија Пандев се до следната недела кога ќе се спроведе повторно тестирање на целата екипа за да се потврди дека сите се негативни.

-Сакаме да покажеме одговорност и пример како треба сите клубови да се однесуваме во време на пандемија! Апелираме до сите клубови да не играат натпревари без тестирање, се додава во соопштението.