Македонија
18. October 2018 - 18:35

Македонија ги стартуваше преговорите со НАТО

Македонија денеска во Брисел и официјално ги започна пристапните преговори за влез во НАТО. Делегацијата предвиодена од министерката за одбрана Шекеринска имаше неколку работни сесии со експерите на НАТО, а прегворите ќе продолжи и во текот на утрепниот ден  Од македонскиот тим се задоволни од првите состаноци и очекуваат дека  преговарачкиот процес ќе биде брз и ефикасен.

Поминавме одлично. Брзи и ефективни беа сесиите,Македонија е најдолговечниот кандидат,. Тимовите одамна се подготвени....

Во фокус на овие први раговори   се најдоа реформите во  владеењето на правото и судството, , борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформите во одбранбениот сектор, но и во безбедносните служби,  како и правните прашања кои произлегуваат од членството, а тука спага и придонесот на Македонија во заедничкиот буџет на АЛијансата. 

Инаку, целиот преговарачки  процес би требало да заврши до крајот на годинава. Во јануари следната година е предвидено Македонија да го потпише протоколот за пристапување, што поразбира  право на учество во сите тела и органи на НАТО, но без можност да гласа.

Полноправниот прием ќе се случи откако земјите членки секоја одделно ќе го ратификуваат документот во своите национални парламенти. Во случајот со Македонија предвидено е Грција да биде првата држава во Алијансата која ќе го ратификува протоколот, но само доколку биде  исполнет условот со преспанскиот договор.