Македонија
24. May 2017 - 17:37

Македонија ги празнува Светите браќа Кирил и Методиј

Македонија денеска го слави 24 мај, Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј. За првпат, овој ден во нашата земја бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје, бидејќи на овој датум, во деветтиот век започнала Моравската мисија.

Светите браќа Кирил и Методиј се родени во Солун во деветтиот век. Тие се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за нивниот културен развој. Поради големите заслуги за христијанството Светета црква ги прогласила за рамни на апостолите.

За православните верници кои денеска ги посетуваа светите храмови, овој празник има особено значење.

Денот на македонските и сесловенските просветители Кирил и Методиј до 2007-та година, во нашата земја беше одбележуван како Ден на образовните институции и просветните работници, а ова е единаесетта година како 24 мај се слави како државен празник на Македонија.