Македонија
21. August 2017 - 19:22

Македонија е посветена на градење добрососедски односи со Србија

Влада на Република Македонија не носејќи избрзани заклучоци ги поздравува најавите од официјален Белград за заштита на пријателските односи и за враќање на состојбите во вообичаени рамки, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Република Македонија, како што се посочува, развива пријателски односи со сите соседни земји.

- Новата Влада на Република Македонија е цврсто посветена и презема интензивни чекори во насока на решавање наспроти создавање проблеми, унапредувајќи ги добрососедството, соработката и партнерството со Република Србија, како и со другите земји од опкружувањето. Убедени сме дека тоа е единствениот начин регионот одлучно да зачекори напред, истакнуваат од Владата на РМ.