Македонија
15. January 2019 - 16:39

Македонија е на дното според вложувањето во науката

Само 0,1 % во однос на БДП се наменети за развој на науката во Македонија. Тоа е главната причина за слабиот развој на наставно-образовната и научно-истражувачката дејност во нашата земја, која се наоѓа на дното на листаТА спред вложувањето во накуката, во однос на државите од регионот.

Ректорот на УКИМ Јанкуловски вели дека постои стратегија за подобрување на состојбата, но потребни се повеќе пари.

Според досегашните вложувања во научната дејност, Македонија може да се пофали со конкурентност единствено во публицистичката активност.

Професорската фела смета дека слабото финансирање на науката е и една од главните причини за “одливот на мозоци” од нашата земја.