Живот
2. July 2016 - 10:10

Македонија е горда: Антониа и Мартија во суперфиналето на „Пинкови ѕвездички“

Синоќа се одржа последната финална вечер на ТВ талент шоуто „Пинкови ѕвездички“. Во него  и овојпат блеснаа  двете македонски претставнички, Мартија Станојковиќ и Антониа Гиговска.
 
За победникот одлучуваа единствено гласовите на публиката кои тие ги даваат преку смс пораки.
 
Жирито како и секогаш немаше зборови за интерпретациите, кои велат се вон конкуренција и пред финалето тие ги прогласија веќе за победнички нашите Антониа и Мартија.
 
Се потврди дека Македонија има несекојдневни и најдобри пеачи, отворено го кажаа од жирито,  а и овациите и гласовите  на публиката го потврдија истото.
Антониа се престави со песна на Џенифер Хадсон.
 
За двете пеачки жирито нагласи дека се вонсериски, нивното пеење било како  на оскаровска вечер,  и  со своите настапи го подигнале нивото на настанот.
 
Суперфиналето кое требаше да се одржи на 3 јули, е  презакажано за 4 јули, кога официјално ќе се дознае вториот победник на спектакуларното регионално натпреварување во пеење за деца.
 
Линиите за гласање ќе бидат постојано отворени до суперфиналето.