„Македонија е бугарска“: Партијата на Каракачанов на протест во Кресна
Во Кресна најавен е широк национален протест од ВМРО. Причината е темата Северна Македонија и нејзиното членство во Европската Унија. Протестот е насловен „Не ја предавај Македонија“ и „И порано и сега Македонија е бугарска“, пишува БНТ.
Насобраните го блокираа сообраќајот на главниот пат Е-79 во атарот на градот Кресна. Најавија дека потоа цел ден ќе возат со автомобили со 20 км/ч во правец Кресна – Благоевград и назад.
Причина за протестот, според нив, е колебливиот став на владата и премиерот Кирил Петков во однос на Северна Македонија и нејзиното членство во ЕУ. Премиерот вчера го повика претседателот Радев да го свика Советот за национална безбедност на оваа тема. Токму против ова барање се изјаснува ВМРО.
„Ќе се обидат да го сменат ставот во насока „да ги оставиме да почнат да преговараат, па ако е така, ќе ги запреме“ „Жал ми е за тешкотиите што ќе наидат, но на крајот, Македонија е национална кауза и за тоа мора да се направат некои жртви, вклучително и непријатностите на патот“, рече потпретседателот на ВМРО, Ангел Џамбазки.
Засега не е планиран поголем протест во Софија, но партијата соопшти дека планира да протестира во наредните денови на клучните патишта во земјата и на граничните премини со С. Македонија.
Целта е Бугарија да не отстапи од барањата за контроверзните прашања, поради што стави вето на преговорите на земјава за членство во ЕУ.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите