Кошарка
7. September 2016 - 23:54

Македонија дома загуби по речиси 14 години

По речиси 14 години кошаркарите на Македонија претрпеа пораз на домашен терен. Последен пат гостинска репрезентација што се радувала беше Хрватска, која во Охрид победи со 85:93 на 20.ноември 2002 година.

Со вечерашниот пораз од Унгарија 76:66 прекината е серијата од 22 победи на домашен терен во квалификации.