Македонија
15. October 2015 - 17:20

Македонија добива целосна поддршка од Хрватска

Успешното справување на Македонија со бегалската криза е доказ дека земјата е подготвена да се справува со безбедносните ризици на модерното време. Токму тоа е една од многуте причини зошто државата одамна заслужи да стане полноправна членка на НАТО Алијансата. Првиот човек на генералштабот на вооружените сили на Хрватска со целосна поддршка на македонските евроатлантски интеграции.

Миграциските текови кои го изложија Балканот на огромни притисоци од бегалците се регионален и европски проблем на кој треба да се работи со здружени сили, дециден генералот Величковски.

Покрај бегалската криза, на денешниот состанок меѓу Ловриќ и Величковски, тема на разговор била и досегашната соработка меѓу армиите и наоѓање начин за нејзино продлабочување.