Loading Video...
Ракомет
25. October 2019 - 14:38

Македонија денес и утре ќе тестира со Грузија во рамките на ЕХФ неделата

Во рамките на ЕХФ неделата машката ракометна репрезентација на Македонија денеска и утре ќе тестира со Грузија
 
Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија ќе го одигра првиот од двата предвидени пријателски натпревари против соодветната селекција на Грузија. 
 
Откако на дуелите во Есхишехир селекторот Данило Брестовац на располагање имаше подмладен состав, сега во Скопје во тимот ќе има вкупно 19-мина ракометари меѓу кои и поискусните: Кире Лазаров, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Талевски и Филип Кузмановски. 
 
„Сега сме во фаза на експериментирање, да видиме кој со кого е компатибилен на теренот, бидејќи со два тренинга треба да одиграме два натпревара. Некои од нив првпат играат еден со друг. Отприлика знаеме кој може да се наметне, кој може да влезе во а-селекција, сепак ќе им дадеме шанса и на претстојните два натпревара. Треба да бидеме трпеливи и мислам дека можеме да имаме добра репрезентација во догледно време“, изјави селекторот Брестовац.
 
Потсетување дека во Турција нашите ракометари славеа победа над домаќинот со 26-23, а со Италија одиграа нерешено 26-26
 
Овие дуели како и настапот во декември на „Трофеј Карпати“, односно јануарските средби со Словенија и Црна Гора, ќе му послужат на Брестовац како подготовка, но и филтер на играчите кои во јануари ќе треба да настапат на ЕП.
 
Вечерашниот натпревари против Грузија ќе се игра во терминот од 20 часот, а утрешниот ќе започне од 18 часот. 
Влезот за овие дуели во СЦ „Борис Трајковски“ е слободен.