-->
-->
„Македонија без одпад“ во општина Чешиново Облешево
-->
Со повеќе активности на ученици и вработени од ОУ „Климент Охридски“ во Облешево, Општина Чешиново Облешево се вклучи во кампањата „Македонија без одпад“.
- Акцијата ја реализиравме во кругот на нашето училиште во Облешево, како и во Подрачните основни училишта во Бање,Теранци и Чифлик. Се собираше одпадната хартија, се чистеа дворовите. Со ова сакаме да се подигне свеста на учениците и граѓаните за придобивките од здравата животна средина и да влијаеме на навиките и однесувањето на другите, изјави Катерина Постолова, координатор на проектот од Општина Чешиново Облешево.
Во акцијата на учениците и наставниците од ОУ„Климент Охридски“ од Облешево се вклучија и вработените од Јавното претпријатие „Облешево“ кои учествуваа и во чистењето на одпадот во паркот во населеното место Чешиново.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители